Тајна за песната „Громе мој“: Таа е еден од најголемите хитови на Цеца, а бил наменет за оваа пејачка

Тајна за песната „Громе мој“: Таа е еден од најголемите хитови на Цеца, а бил наменет за оваа пејачка

Објавена во: Живот // Живот

Композиторот неодамна ја откри тајната на Цеца за песната „Громе мој“...

Александар Милиќ Мили, во една емисија раскажа дека на албумот кој за Цеца го правел во 2007 година, една песна воопшто не била наменета за големата фолк ѕвезда.


Мили раскажа дека таа песна првобитно требало да ја отпее Маја Беровиќ, за која била напишана.

„Маја сакаше да учи додека бевме во студио. Се гледаше дека може да на прави кариера и да има огромен потенцијал. На албумот кој паралелно го работев со Цеца, веќе ги имав „Пиле“, „Понуџен ко почастен“, „Манта“ и тогаш ја направив песната „Лепи громе мој“, но ми изгледаше дека таа не се вклопува во албумот на Цеца. Затоа со Маја ја работев таа песна, но кога Марија ја слушна, рече: „Ова е фантастична мелодија, ќе го заокружи албумот на Цева“, па така на крајот таа песна замина на албумот кај Цеца наместо на Маја“ - раскажа Мили во емисијата „Премијера“.

Сепак, Маја не ја знаела таа информација, па затоа малку зачудено одговорила:

„Не сум го знаела тој податок. Нема да кажам дека песната „Лепи громе мој“ не е добра песна, тоа е хит. Таа замина во добри раце, а во тој момент јас не би ја изнела толку добро, затоа што таа песна е Цеца.“


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: