Тајната зад ова име ретко кој ја знае: Која е познатата Били Џин од песната на Мајкл Џексон?

Тајната зад ова име ретко кој ја знае: Која е познатата Били Џин од песната на Мајкл Џексон?

Објавена во: Живот // Живот

Не постои личност која не ја слушнала оваа песна, а откриени се и малку познати детали за неа...

„Billie Jean“ беше насловот на вториот сингл на Мајкл Џексон, од албумот „Thriller“, објавен во јануари 1983 година. Во прашање е безвременски хит, па дури и денес е неизбежна песна на радио, прослави... Исто така е и најпродаваниот соло-сингл на Мајкл Џексон, а Ролинг Стоун го стави на 58. место на листата на 500 најдобри песни на сите времиња.


Интересно е што продуцентот на Мајкл, Квинси Џоунс, не сакаше песната да биде ставена на албумот, а тој исто така го советуваше да го смени името на песната во „Not my lover“, за луѓето да не помислат дека е посветена на тенисерката Били Џин Кинг.

Всушност, песната не била посветена на некоја посебна девојка, туку е комбинација на различни обожаватели кои испраќале писма до Мајкл и неговите браќа во кои се колнеле дека се бремени и носат нивни деца.

Кога ја изведуваше оваа песна полна со енергија, Мајкл за првпат го изведе и својот „moonwalk“, но носеше и бела ракавица со светки, по што подоцна стана препознатлив.

„Музичарот знае да препознае хит материјал. Сè мора да биде на своето место, ве исполнува и ве прави среќни. Така се чувствував кога станува збор за „Billie Jean“. Знаев дека ќе биде хит кога ja пишував“ - призна Мајкл Џексон подоцна.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: