Тамара Тодевска денес слави роденден: Пејачката откри од кој го доби најдобриот подарок
Една од најпознатите македонски пејачки денес полни 36 години, а вниманието на нејзините најблиски е насочено кон неа. Роденденски честитки пристигнуваат од сите страни - од најблиските пријатели, роднини, соработници, колеги, обожавателите...
Пејачката секогаш била искрена и без влакна на јазикот, па така на овој ден откри кој е најдобриот подарок кој некогаш го добила. Станува збор за роденденската честитка од нејзината ќерка Хана.
Имено, Хана специјално за својата мајка ја отпеа познатата роденденска песна, а ова особено ја разнежни пејачката, која видеото го сподели на својот Инстаграм профил и на истото напиша: „Најдобриот роденденски подарок“.