Тамара Тодевска вечерва ќе пее на „Макфест“, а друштво ќе ѝ прави тој: Еве кој
Една од нашите најпознати пејачки и изведувачки со најслушани песни, Тамара Тодевска вечерва ќе пее на 37-мото издание на музичкиот фестивал „Макфест“.
Таа на својот Инстаграм профил сподели фотка и откри, кој вечерва ќе ја бодри и ќе биде заедно со неа.
Син ѝ Дарен ќе биде најголема поддршка на мама Тамара и ќе навива за неа.
„Низ годините сама, но на 37. издание на „Макфест“ имам друштво.
Мојот Дарен. Се гледаме вечер“, напиша пејачката.
Фото: Инстаграм - Тамара Тодевска