Татко ја снимал ќерката секоја недела 20 години по ред: Направил компилација со која расплака 24 милиони луѓе (ВИДЕО)
Еден татко ја снимал својата ќерка секоја недела, од денот кога се родила, па сѐ до нејзиниот 20-ти роденден, а неговото видео ги воодушеви родителите ширум светот...
Времето лета, а тоа најдобро го гледаме низ децата кои како да растат многу брзо. Она бебе кое сте го донеле дома од болница, денес веќе оди на училиште, се запишува на факултет, прави свадба. Сите знаеме колку е посебна врската помеѓу татковците и ќерките и колку нивниот однос влијае на целиот живот на ќерките.
За да го „сопре времето“, односно она што е минливо, да го направи неминливо - растењето на неговата ќерка, уметникот Франс Хофмастер секоја недела од раѓањето, па сѐ до 20-от роденден ја снимал својата ќерка, пред 3 години направил неверојатна емотивна компилација, која ја нарекол „Portrait of Lotte“.
Видеото тогаш за кратко време стана виларно, а денес - 3 години подоцна има повеќе од 24 милиони прегледи.
„Кога се роди Лоте, толку брзо се менуваше што не успевав да го запаметам секој момент, а сакав. Секој родител знае... разликата помеѓу детето старо два дена и два месеци е неверојатна“ - вели Хофмастер, објаснувајќи ги за „The Guardian“ причините кои му дале инспирација за редовно да ја снима ќерката. Првата компилација ја објавил кога Лоте имала 12 години, а потоа сфатил дека мора да продолжи.
Погледнете како изгледа едно растење - 20 години сведени во 5 минути. Проектот кој се создавал долго, ги воодишеви родителите ширум светот.
фото: Принтскрин / Јутјуб