Таткото и ќерката го освоија црвениот тепих: Антонио Бандерас и Стела совршено модно усогласени (ФОТО)

Таткото и ќерката го освоија црвениот тепих: Антонио Бандерас и Стела совршено модно усогласени (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

фото:Profimedia

Убавата Стела е родена пред 24 години во Марбела и, според некои медиуми, нејзината желба е да ги следи стапките на нејзините славни родители, но и нејзината полусестра Дакота Џонсон.

Холивудската суперѕвезда Антонио Бандерас, роден во Шпанија, присуствуваше на свеченото отворање на „69. Меѓународен филмски фестивал “во Сан Себастијан. Тој се појави на црвениот тепих пред палатата „Курсал“ во друштво на неговата ќерка Стела дел Кармен Бандерас, која ја добри во бракот со Мелани Грифит.

Таткото и ќерката привлекоа внимание во усогласени, елегантни комбинации на облека, и бидејќи неговата ќерка единица не се појавува често на вакви настани, не е изненадувачки што фоторепортерите беа насочени кон нив.

Убавата Стела е родена пред 24 години во Марбела и, според некои медиуми, нејзината желба е да ги следи стапките на нејзините славни родители, но и нејзината полусестра Дакота Џонсон. Таа за првпат застана пред филмските камери како девојче, во филмот „Crazy in Alabama“. Засега, таа успешно се справува со улогата на модел, каде ѝ предвидуваат голема иднина.

извор:stil.kurir

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: