Таткото им забранил на синовите да јадат благо: Мајката ја оставила камерата вклучена по што сега сите корисници на Твитер се смеат
Знате какви се децата, доколку нешто им забраните, тоа е како да сте им дале дозвола да го направат она што не смеат, во првиот момент кога ќе им го завртите грбот. Русокосите браќа се доказ дека „не“, всушност значи „да“, но само доколку мама и тато ја напуштат просторијата.
Во преслаткото видео таткото пред своите синови оставил шарени бомбони и неколку пати им повторил дека мора да почекаат тој и нивната мајка да се вратат, а кога ќе се вратат ќе може да уживаат во десертот. Момчињата послушно климале со главите, но што родителите излегле од просторијата, се погледнале и сега пред вас е најслаткото видео што некогаш сте го виделе.
Imamo video dana pic.twitter.com/U2SJbfmVAq
— d.m_1507 (@_alchajmer_) October 31, 2021