Тато вети, мама исполни: Ванеса Брајат ја исполни најголемата желба на ќерка ѝ, поради која многумина сметаат дека е најдобра мајка

Тато вети, мама исполни: Ванеса Брајат ја исполни најголемата желба на ќерка ѝ, поради која многумина сметаат дека е најдобра мајка

Објавена во: Совети // Семејство

Ванеса Брајант ѝ ја исполни желбата на ќерката Наталија и ја однесе на патување во Хрватска, поточно во градот Дубровник...

Сопругата на трагично починатиот кошаркар, Коби Брајант, Ванеса Брајант конечно ја исполни желбата на својата 18- годишна ќерка Наталија за која долго време сонува. Имено, Ванеса го израдува целото семејство, а особено најстарата ќерка со патувањето во преубавиот Дубровник.

На југот на Хрваска, Ванеса замина со ќерките Наталија, Бјанка и Капри. Незаборавните моменти од патувањето сопругата на Коби ги сподели со следбениците на Инстаграм, а во описот напиша:

„Ги донесов децата во King's Landing. Коби ѝ дозволи на Наталија да оди во Хрватска со класната на екскурзија, но патувањето, за жал, беше откажано поради коронавирусот. Ѝ ја исполнив желбата на Наталија да го види. Прекрасен е!“ 

Желбата на Наталија да го посети овој град се родила додека ја гледала серијата „Игра на тронови“ во која одредени делови се снимани токму на местото каде семејството Брајант се фотографирало.

Посетата на Дубровник предизвика бројни позитивни коментари, како и пофалби на сметка на Ванеса, посочувајќи ѝ дека е најдобра мајка на светот.

фото: JPI STUDIOS/AVALON.RED / AVALON / PROFIMEDIA

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: