Тажна причина: Принцезата Дијана со месеци криела тајна од принцот Чарлс

Тажна причина: Принцезата Дијана со месеци криела тајна од принцот Чарлс

Објавена во: Совети // Семејство

Додека британските медиуми пишуваат за Меган Маркл и нејзиниот „тажен“ живот во дворецот, животот на нејзината покојна свекрва се уште не престанува да ја интригира јавноста.

Иако загина уште пред повеќе од 20 години, во јавноста постојано се појавуваат нови детали од животот на принцезата Дијана.

Имено, Daily Miror сега пишува дека таа за време на бременоста со принцот Хари дознала дека носи момче, а принцот Чарлс за тоа не знаел ништо.

Принцот, како што наведуваат медиумите, силно посакувал девојче поради што Дијана одлучила да премолчи дека и второто дете ќе биде син.

„На ултразвукот видела дека ќе добие момче. Чарлс секогаш сакал две деца, момче и девојче, па Дијана одлучила да му премолчи дека повторно ќе добие син. Многу се разочарал кога Хари дошол на свет, а разочареноста дури не ја ни сокривал.“ - вели биографот на кралското семејство Енру Мортон.

Наводно бил незадоволен и со фактот што бебето имало црвена коса, а тоа го признал кога и се пожалил на мајката на Дијана на денот на крштевката на Хари.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: