Тажната приказна на омилените близнаци: Беа најпопуларни, а нивната трагедија многумина ја паметат и денес
Сојер и Саливан Свитин важеа за омилени близнаци, благодарение на серијата „Everybody Loves Raymond“, а самоубиството на еден од нив го растажи целиот свет...
Како што вели и самиот назив на серијата „Everybody Loves Raymond“, навистина милиони луѓе ја обожуваа оваа серија. Оваа американска хит серија важи за една од најуспешните, а нејзините актери публиката ги засака преку ноќ.
Главниот актер на оваа ситкомедија Реј Романо успеа да договори цифра од 1,8 милиони долари за епизода и така да стане еден од најплатените телевизиски актери.
Тој од самиот почеток беше платен повеќе од останатите актери, но кога успеа да извлече неверојатна сума во текот на осмата сезона, останатите во тоа видоа можност да преговараат за сопствените договори.
фото: LISA O'CONNOR / ZUMA PRESS / PROFIMEDIAСепак, тоа не влијаеше на тоа да се намали популарноста на останатите актери. Напротив, близнаците Сојер и Саливан Свитин ја освоија целата јавноста која навистина ги обожуваше.
Оваа година се одбележуваат 25 години од прикажувањето на првата епизода, а познатите близнаци снимаа до 2005 година, кога серијата беше завршена. Потоа, се повлекоа од светот на глумата.
Нивното последно појавување во јавноста беше во 2010 година на доделувањето на ТВ Ланда во Лос Анџелес, а девет години подоцна, Сојер трагично почина.
По неколку години борба со популарноста која тешко ја поднесувал, Сојер имал 19 години кога одлучил да изврши самоубиство во семејната куќа во Тексас.
фото: YoutubeСамо неколку дена порано, неговата сестра Медлин на својот Фејсбук профил објави статус кој му го посвети на него.
„Би сакала да ги поттикнам сите луѓе да ја покажат љубовта кон оние кои ги сакаат. Нека не се сомневаат во луѓето кои се грижат за нив“ - напиша сестрата на Сојер тогаш.
Sawyer Sweeten was a funny and exceptionally bright young man. He is gone from us far too soon.
— Patricia Heaton (@PatriciaHeaton) April 24, 2015
Оваа вест нанесе голема болка во семејството на близнаците, а бројни пријатели и актери останаа во неверување кога се случи оваа трагедија.
„Ова утро во нашето семејство се случи голема трагедија. Скршени сме што мораме да објавиме дека нашиот сакан брат, син и пријател, Сојер си го одзеде животот. Имаше уште само неколку недели до својот 20-ти роденден“ - напиша Медлин во официјалната изјава од семејството во април 2015 година.
Според наводите на американските медиуми, Сојер се самоубил со истрел од огнено оружје на тремот од семејната куќа во Тексас.
Во популарната серија Сојер го играше Џефри Бароун, неговиот брат близнак беше Мајкл Бароун и постарата сестра беше Ели Бароун.
Серијата се прикажуваше од 1996 до 2005 година. Браќата Свитин беа дел од серијата од свои 16 месеци.
фото: PROFIMEDIA