Тажната судбина на малиот Драгослав минатата година го расплака Балканот: Сега стана најсреќното момче на светот, се всели во нов дом

Тажната судбина на малиот Драгослав минатата година го расплака Балканот: Сега стана најсреќното момче на светот, се всели во нов дом

Објавена во: Совети // Семејство

Тажната судбина на малиот Драгослав минатата година го расплака Балканот: Сега е најсреќното момче на светот, се всели во нов дом

Тажната приказна на деветгодишниот Драгослав Милојевиќ од Кушичка Равна Гора кај Ивањица минатата година ја трогна цела Србија, но и целиот Регион. Тешките услови за живот во кои живееше со мајка му и татко му во трошна куќа, далеку од цивилизација и во постојан недостаток на пари, станаа уште потешки кога татко му почина во октомври минатата година.

Оттогаш со месеци не одеше на училиште, бидејќи немал кој да го вози, а со остварување на неговата новогодишна желба повторно да биде во клупата меѓу другарчињата, доби и други подароци – коза, две овци и наместо играчки, компјутер и мобилен телефон.

Откако се обезбедија превоз до училиштето и животните што ги сака, пристигнаа домашни апарати, облека и храна, а благодарение на општината и Вибер групата „Добар Самарјанин“, во јуни беа поставени темелите на новиот дом на Драгослав и неговата мајка Алма.

- Горе, во мојата куќа, не можам да спијам таму. Го палам светлото - нема струја. Сега ќе имам нова куќа, ќе имам соба и ќе имам се‘! И убава маса за компјутер и да цртам и да бојам нешто. Немав бања горе и пумпата горе не работи, се бањав со ладна вода и ми беше зима - изјави тогаш момчето за „Info ligu Ivanjica“.

Вчера конечно беше ставен крај на грижите на ова момче и неговата мајка, кога на Драгослав му беа дадени клучевите од нов, топол дом.

- Кога видовме во какви услови живее и во какви проблеми се нашол во детството, веднаш почнавме да помагаме. Прво помогнавме со храна, облека и основни апарати, а потоа чекавме да дојде пролетта и да почнеме да ја градиме куќата. Пред се‘, морам да се заблагодарам на луѓето од Вибер групата предводена од отец Синиша Никитовиќ, бидејќи не беше лесно да се соберат средства за оваа куќа и да се направи, но успеавме во нашата задача - изјави градоначалникот на општина Ивањица, Момчило Митровиќ. 


За прв пат во животот Милоевиќ ќе ја дочека зимата во топол дом, без страв дека ќе се урне покривот, благодарение на многубројните компании, добри луѓе, здруженија и донатори.

-Мојата куќа е многу убава, ќе им се јавам на другарите да ми дојдат дома - низ насмевка вели момчето.


Фото и Видео: Youtube

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: