Тажно: Момчето починало во петок, а во сабота мајката пронашла порака која ја скршила од болка
фото: Daily Mail
Момчето починало во петокот од болест која го зафатила неговиот мозок, а во саботата наутро мајката пронашла порака која ја скршила.
Малиот Леланд Шумејк почина во детската болница во Атланта од последици на амебијаза, заразна болест што го погодила неговиот мозок. Ден подоцна неговите родители ја пронашле неговата проштална порака која им ги искршила срцата.
Барајќи во неговата соба облека за последното испраќање во вечноста, родителите на Леланд пронашле меѓу неговите работи трогателна порака што им ја напишал пред неговата смрт.
„Последна порака до мама и тато
Сè уште сум со вас. Ви благодарам мамо и тато“, гласела пораката - толку едноставна, но толку чувствителна и тажна...
„Тој остави длабока трага на сите нас и всушност сè уште е тука со нас. Обожаваше да гледа History Channel, временски прогнози, документарни филмови и сè што имаше врска со историјата. Тој сакаше бродови како што се во приказните за Титаник и Втората светска војна“, изјави мајката на Леланд, Амбер за ABC News.
„Неговата насмевка можеше да го осветли целиот град. Тој многу го сакаше својот брат и неговото семејство. Тој беше најпаметното и најпрекрасното момче на светот. Секогаш ќе те сакаме, Леланд. Спиј добро“, напиша мајката на страницата на Фејсбук каде многу познати и непознати се молеа за момчето.
извор:novizivot.net