Тебе нема да ти дадам да се омажиш, не ти посакувам зло: Девојче објаснува зошто бракот е лош

Тебе нема да ти дадам да се омажиш, не ти посакувам зло: Девојче објаснува зошто бракот е лош

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Доколку сте се заколнале дека нема да мажите и сметате дека бракот е лош за жените, треба да го погледнете ова урнебесно видео во кое девојче на својата мајка ѝ објаснува зошто никогаш нема да се омажи.

„Времето поминува Рамина, ти ќе најдеш некој за кој ќе се омажиш, ќе му подготвуваш чај секој ден“ - вели мајката.

„Каков чај, а кој ќе ми подготвува чај на мене? Да трчам по него, да ослабнам поради него? Во домот на моите родители можам да правам што сакам. Јас го сакам својот личен живот, да јадам кога сакам, да слабеам, да се дебелеам“ - ѝ врати девојчето.

„Рамина, мораш да бидеш убава за својот маж“ - се надоврза помладата сестра.

„Јас и вака сум убава, а тебе нема да ти дадам да се омажиш. Јас не ти посакувам зло“ - ѝ врати.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: