Тејлор Свифт конечно се приклучи на ТикТок: Нејзиното прво видео не успеа да ги воодушеви следбениците
Тејлор Свифт конечно се приклучи на ТикТок, но нејзиното прво видео не е ниту танц, ниту некој предизвик или било што би можеле да очекуваме од неа, туку нејзиното прво видео е чиста реклама.
На општо задоволство на фановите, пејачката се приклучи на популарната мрежа по долго чекање, и во првото видео одлучи да рекламира винил за албумот „Red“.
Во описот на видеото, таа напиша: „многу работи ми се случуваат во моментов: винил „Red“ сега е достапен за нарачка, а сега сум на ТикТок, па нека започне играта“.
@taylorswift Lots going on at the moment: Red (my version) vinyl is up for presale on my site and oh I’m on tiktok now let the games begin #SwiftTok
original sound - Taylor Swift
Фановите се возбудени, се разбира, но не поради промотивното видео, туку поради самиот факт дека Тејлор се приклучи на оваа социјлна мрежа.
„Таа е тука, бидете мирни“ - ѝ напиша еден следбеник. „Добредојде на забавата кралице, те чекавме трпеливо“ - додаде.
Тејлор ќе ја издаде новата верзија на албумот „Red“ на 19 ноември, а на него ќе има и 10 необјавени песни.