Тејлор Свифт низ годините: Сите трансформации на пејачката!
Поминаа 10 години од нејзиниот хит 'You Belong With Me', а во продолжение е целосниот 'тајмлајн' на кариерата на Тејлор уште од 2003 година, од кога започна, преку 2009 па до денес.
Поминаа веќе десет години од излегувањето на 'You Belong With Me'. Оваа беше беше една од првите големи хитови на Тејлор Свифт и уште тогаш беше јасно дека таа ќе биде ѕвезда. Денес, сепак, е попопуларна од тоа што сите мислеа дека ќе биде.
Далечната 2009 година, Тејлор 'влезе' во домовите на луѓето и ги воодушеви со песната, но и видео записот со оние пораки од прозорецот, на кои сите сигурно се сеќавате.
Но, Тејлор пред оваа песна, Тејлор за време на оваа песна и Тејлор денес - се различни лица на познатата пејачка. Од кантри до поп, ова е комплетниот 'тајмлајн' на кариерата на пејачката и преглед на промената на нејзиниот стил од 2003 до денес.
# 2003 година - старт
Тогаш 13 годишната Тејлор се пресели од Ридлинг, Пенсилванија во Нашвил за да ја започне пејачката кариера. Беше опседната со кантри музика и само тоа сакаше да пее. Откако музичка куќа и понуди договор, нејзинито семејство се одлучи да се пресели. И тоа всушност беа нејзините почетоци.
# 2006 година - прв сингл
На 16 години го објави првиот сингл 'Tim McGraw' кој го напишала уште во средно училиште кога работела во Sony Music. Песната набрзо се најде на листата на Билборд на топ 100 најдобри песни. Заврши и на листата на топ 10 кантри хитови истата година. Потоа, го објави својот дебитантски албум кој го нарече - Тејлор Свифт.
# 2008 години - награди и втор албум
Таа година Тејлор ја освои наградата за најдобар нов кантри женски изведувач, најдрага пејачка на кантри музика, две награди на CMT Awards, а беше номинирана и за најдобар нов изведувач на Греми, но изгуби од Ејми Вајнхаус. Истата година го објави и својот втор албум - Fearless - на кој е и оној популарен сингл 'Love story'.
# 2009 година - песната 'You Belong With Me'
Иако и тогаш беше прилично популарна, со песната 'You Belong With Me' се проби. Таа година ја започна првата турнеја 'Fearless'.
Истата година освои награда за најдобар видео на VMS Awards и стана прва кантри пејачка на која тоа и успеа. Тоа беше оној момент кога Канје Вест се качи на сцената и проба да и ја земе наградата, уверен дека Бијонси заслужила да ја освои.
# 2010 година - 4 Греми награди
Пред девет години Тејлор освои 4 Греми награди, вклучувајќи ја онаа за албум на годината.
Таа година го објави и третиот албум Speak Now и ја одигра првата улога во филмот My Valentine со Тејлор Лаутнер. Тие двајца стана пар и во вистинскиот живот.
# 2012 година - We Are Never Getting Back Together
Тејлор во 2012 година го објави четвртиот албум 'Red' на кој се и мега популарните песни 'We Are Never Getting Back Together' и 'Knew You Were Trouble', за кои се верувам дека се посветени на нејзиното поранешно момче, Хари Стајлс.
# 2013 година - турнејата 'Red'
Пејачката таа година замина на турнијата 'Red' на која пееше во сега на сите познатотото сако со шешир.
# 2014 година - преселба
Поради кариерата, која тогаш и беше голема, Тејлор се пресели во Њујорк и потоа го објави својот најголем албум '1989'. На тој албум, помеѓу другото, беше и песната 'Shake It Off', која долго беше на врвот на музичките топ листи.
# 2015 година - турнејата '1989'
На светската турнеја '1989', која ја одржа во 2015 година, повика многу познати гости. Лиса Кудров од 'Пријатели' со неа ја отпеа 'Smelly cat', а на турнејата и се придружија и Мик Џегер, Елен Дегенерес, Коби Брајант и Џулија Робертс. Истата година излезе и видеото за 'Bad Blood' за која се зборува дека е напишана за (тогаш поранешна) пријателка на Тејлор, Кети Пери.
# 2016 година - уште една Греми награда
Оваа година доби уште еден Греми за албум на годината. Остатокот на годината и беше бурен, бидејќи на прекина врската со Калвин Харис, започна врска со Том Хидлестон, а тоа започна караница со Ким Кардашијан и Канје Вест.
Сепак, на крајот се извлече од кризата и со позитивни вести го дочека крајот на годината. Беше прогласена за најдобро платена пејачка на годината со вкупна заработувачка од 170 милиони долари. Ја сними и песната 'I don't wanna live forever' со Зијан Малик. Оваа песна беше 'саудтрак' за '50 нијанси на сиво'.
# 2017 година - мала пауза
Оваа година реши да направи мала пауза и малку да одмори од пеење и турнеи, бидејќи пред да се врати ја сними песната 'Look What You Made Me Do' од која настанаа бројни мемиња и теории на завера. По неколку месеци го објави и новиот албум 'Reputation'.
# 2018 година - Delicate
Откако излезе 'Reputation', Тејлор ја објави песната 'Delicate' со која повторно беше на врвот на сите топ листи.
# 2019 година - 'Me', 'You Need To Calm Down', се смири со Кети Пери, албум...
Оваа година е на половина, а за Тејлор веќе многу работи се случија.
Се смири со Кети Пери по долгата кавга, извади нови синглови кои предизвикаа воодушевување и секако најави дека ќе објави нов албум.