Тејлор Свифт сериозно се фрли во режисерски води: Засега музиката ќе ја замени со снимање
Исто како што е успешна пејачка, веруваме дека одлично ќе се снајде и во улогата на филмски режисер.
Тејлор Свифт, една од најпопуларните пејачки, ќе режира долгометражен филм.
Филмот ќе го продуцира „Searchlight Pictures“, позната американска филмска компанија. Деталите за филмот, како сценариото, заплетот или актерската постава, уште се обвиени во велот на тајноста.
„Тејлор е уметник и проповедник кој се појавува само еднаш во генерација. Вистинска радост и привилегија е да се работи со неа, додека таа тргнува на ова возбудливо и ново креативно патување“ - изјавија во соопштението за печатот, претседателите на „Searchlight Pictures“, Дејвид Гинбаум и Метју Гринфилд.
Пејачката веќе напиша и режираше еден краток филм, што ја следеше нејзината продолжена верзија на песната „All Too Well (Taylor's Vesion)“, кој освои VMA за најдобра режија во 2022 година.
Во својата музичка кариера, Свифт се стекна со репутацијата на уметничка кја се истакнува во различни музички жанрови: од поп, кантри, инди фолк и алтернативен рок. За потсетување, таа е добитничка и на 11 „Греми“ награди.
Како што е одлична во создавањето музика, веруваме дека оваа 32-годишна девојка одлично ќе се снајде и со режисерската палка во рака.
фото: Принтскрин / Инстаграм