Текст од дневникот на ќерката на Карлеуша е хит на социјалните мрежи: Животот е таков. Обврски, маки...
Јелена Карлеуша често со своите следбеници на Инстаграм споделува нешто што се однесува на нејзините наследнички Атина и Ника Тошиќ, а убедливо најинтересни се видеата на Ника и изјавите на ова девојче кое има само 11 години.
Пред неколку дена, Јелена со следбениците сподели и една страница од дневникот кој го пишува Ника, а нејзините зборови многу брзо се раширија помеѓу обожавателите на поп ѕвездата.
„Само да знаете дека никој не е совршен, особено луѓето кои те оставаат и никогаш не би направиле ништо добро за тебе... Животот е таков“ - започнува Ника.
„Сеедно е дали ова ќе помине и сите ќе одиме на распуст и на море. Малку да се опуштиме од обврските и маките“ - продолжи понатаму.
„Ова дете е чудо“, „Хахаха, малата е генијалец“, „Учете од Ника, браво“, „Паметна, неверојатна е“, „Ова го напишало девојче од 11 години? Прекрасно“ - се само некои од коментарите кои ги напишаа обожавателите кои ја споделија оваа објава на Јелена.