Телепортирање, менување на обликот и замрзнување на времето: Детски теории за тоа како Дедо Мраз успева да подели толку подароци
Секое десетто дете смета дека во новогодишната ноќ омиленот Дедо го заспива целиот свет за да го заобиколи без пречки и без да биде забележан...
Истражувањето покажало дека девет од десет родители се зачудени од тоа колку нивните деца се креативно кога е Новата година во прашање.
Децата сметаат дека Дедо Мраз се движи со брзина на светлината и дека накратко застанува со својата војска од милион џуџиња на станиците каде децата ги чекаат подароците.
Исто така, веруваат дека може да го замрзне времето и дека знае како да користи магија.
Анкетата спроведена на 1.500 родители и деца покажала дека многу деца се уверени дека Дедо Мраз има машина за намалување на работи која големиот број подароци ќе ги направи многу мали, за да може да ги симне низ оџакот.
Исто така не се збунети кога би требало да објаснат како неговата санка со ирваси лета, бидејќи 84 отсто од анкетираните деца точно знаат како најпознатиот Дедо на светот го умее и постигнува.
Истражувањето кај 750 деца на возраст од 6 до 11 години кои веруваат во Дедо Мраз, како и на 750 родители, открило дека осум до десет деца сметаат дека санката кои ги влечат ирвасите е во црвена боја. Дел од дечињата сметаат дека Дедо Мраз со магија им ги доставува подароците, а пет отсто од децата кажале дека сигурно е во прашање телепортирање, бидејќи само така успева да стигне во сите домови за да им ги достави подароците на добрите деца.
Уште четири отсто од децата се уверени дека Дедо Мраз има моќ да поминува низ ѕидови. Секое десето дете смета дека во новогодишната ноќ тој го успива целиот свет, за да може без да биде забележан да ги достави подароците.
Интересно е дека 40 отсто од дечињата сигурно го виделе Дедо Мраз во живо, а 42 отсто се присетиле дека го слушнале како оди по нивниот покрив или под прозорецот. Некои не биле уверени дека сето тоа го постигнува сам и кажале дека постои меѓународен тим на Дедо Мразовци и дека не е само еден.
Можноста за проширување на оџакот е уште едно од поимагинативните објаснувања за тоа како со голема вештина секој пат може да се спушти низ него.
Исто така с епокажало дека децата ја разбираат големината на популацијата на планетата, бидејќи 54 отсто од нив сметаат дека Дедо Мраз има најмалку 5 милијарди подароци за испорачување.
Децата се покажале и како неверојатно великодушни, бидејќи огромни 92 отсто од нив кажале дека му оставиле нешто за јадење и пиење, а само 4 отсто од дечињата не се потрудиле да го почестат нешто Дедо Мраз за неговиот голем труд.
Скоро три четвртини од дечињата му оставиле пита со месо, бидејќи сметале дека тоа му е најдрагата храна, а 73 отсто од нив на тоа додаде и чаша млеко. Другите кажале дека на најпознатиот Дедо му останале чоколади, чипс, пита од сирење, па дури и шпагети, пишува британскиот „Mirror“.
Во продолжение прочитајте ги најчестите детски теории за доставата на подароците:
# „Користи посебен клуч, кој ги отклучува сите врати на светот“.
# „Се симнува низ оџакот“.
# „Магија“.
# „Телепортирање“.
# „Оди низ ѕидови“.
# „Се движи многу брзо“.
# „Му помага војската џуџиња“.
# „Го замрзнува времето“.
# „Му помага организацијата Дедо Мразовци“.
# „Го враќа времето наназад“.
фото: Profimedia