Темната страна на популарноста: Зошто е тешко да се живее под светлата на рефлекторите и да се биде позната ѕвезда?
Од загуба на приватноста до притисокот од јавноста - поради што и познатите зажалија што се познати?
Кој барем еднаш не посакал да биде познат? Сонот на многу малди девојки е да станат пејачки, актерки, модели и инфлуенсерки.
Едноставно изгледа дека популарноста и уживањето одат „рака под рака“. Постојано се дотерувате, гледате во камерите и притоа заработувате многу пари кои ви овозможуваат супер раскошен живот.
Но, секогаш постои и онаа другата страна од медалот. Нема да лажеме дека популарноста има свои бенефиции, но сега ќе се занимаваме со оваа другата страна на популарноста.
Поради што и познатите зажалија што се познати?
# Целосно губење на приватноста
Обичната прошетка во опуштено издание или одењето на шопинг за познатите личност е далеку од опуштање. Постојано ги застануваат обожаватели, па дури има и такви кои ги зимаат телефоните во раце и го фотографираат и снимаат она што не смеат. Одеднаш најнормалните животни ситуации како пиење на кафе во кафуле или одење во супермаркет може да завршат на социјалните мрежи и да бидат предмет на коментирање од страна на сосема непознати личности.
# Чувство на притисок
Кога некој постојано е под лупа на јавноста, има неверојатно чувство дека мора постојано да биде совршен. Не смееш да се засрамиш, не смееш да изгледаш лошо и не смееш да погрешиш. Сетете се само на многубројните детски ѕвезди кои завршија лошо (како на пример омилениот Меколи Калкин кој го глумеше Кевин во „Сам дома“ или Мајли Сајрус која се прослави со улогата на Хана Монтана). Некогаш ниту постарите не можат да се справат со товарот на популарност, а камоли децата.
# Постојан предмет на озборување и жртва на „хејтање“
Ги осудуваат и исмеваат на социјалните мрежи. Што мислите - зошто голем број познати ѕвезди имаат проблеми со менталното здравје, зошто се навлекуваат на алкохол и дрога? Зошто не можат да ги поднесат критиките на јавноста. Да, и тие имаат Интернет и го читаат сето она што се пишува за нив.
# Немате вистинска слобода
Можеби на своите социјалните мрежи споделувате фотографии, цитати или некои смешни објави. Така и познатите, често несвесни дека со нивните објави би можеле да навредат некој. Понекогаш сето она што несвесно ќе го објават или напрват познатите ѕвезди, може некој да го навреди и од обична објава да настане цела афера поради која угледот и кариерата може да им бидат нарушени. Да се сетиме само на аферата меѓу Кајли Џенер, Хејли Бибер и Селена Гомез. Започна од една шега на социјалнит емрежи.
# Лажни пријатели
Дали оние кои ве опкружуваат се со вас поради популарноста и парите или затоа што навистина ве сакаат и ценат како личност? Многу познати личности би можеле да го споредат кругот на пријатели кој го имале додека биле анонимни, со кругот кој почнал да расте, откако станале „некој и нешто“. За жал тоа е така. Да се биде јавна личност значи дека се привлекуваат луѓе кои ви глумат лажни пријатели за да ве искористат или за да се пробијат. Поради сето тоа, познатите често се чувствуваат осамено.
# Страв за сопствената сигурност
Кога се познати, може да им паднете во очи на болни личности со злобни намери. Најмалото зло што може да ви се случи е да ви го „хакнат“ профилот на социјалните мрежи или е-маилот. Но, она со што познатите личности се имаат сретнато се секакви агресивни обожаватели или луѓе кои им се заканувале или дури и физички ги напаѓале поради изговорените зборови, дела или ставови кои ги застапуваат.
# Избор помеѓу кариерата и семејството
Актерите во текот на снимањата поминуваат месеци и месеци далеку од дома. Музичарите за време на турнеите со месеци го заобиколуваат светот. Животите на познатите модели и инфлуенсери се поразлични од животите на обичните луѓе. Што мислите, зошто долгите врски и бракови помеѓу познатите ѕвезди се реткост? Затоа што нивниот начин на живот е поинаков, постојано запознаваат нови луѓе, распоредот им е преполн и поминуваат многу време без своите партнери. Ако нешто е далеку од очи, тогаш е далеку и од срцето.
фото: Принтскрин / Инстаграм