Теодора Џехверовиќ ќе се мажи: Пејачката и кошаркарот на големо ја планираат свадбата
Пејачката проговори и на темата за дете...
Пејачката Теодора Џехверовиќ три години е во љубовна врска со кошаркарот Нино Челебиќ, а колку е голема нивната љубов говори и тоа што планираат свадба! Имено, како што откри пејачката, тие двајца на големо зборуваат за свадбата која сигурно ќе биде, само уште го немаат одредено датумот.
„Планирам свадба! Оваа година нема да стигнам да се омажам, бидејќи останаа уште два месеци, па немам доволно време да организирам сè. Нино и јас сме во сериозна врска и нормално е да зборување за венчавка. Ги склопуваме коцките што ќе правиме и како, уште не можам да откријам детали... Уште немаме точен датум, но свадба сигурно ќе има“ - кажа Теодора, а на прашањето за дете, даде краток одговор: „Рано е за бебе“.
Пејачката вели дека покрај Нино го нашла сето она за што сонувала.
„Имам нормално момче! Нино за мене е најпрекрасниот маж на светот, би сакала да бидеме заедно до крајот на животот“.
Инаку, Челебиќ, минатата година се пресели во Бразил поради кошаркарската кариера. Тие долго беа разделени и успешно ја одржуваа врската на далечина во тој период, а Теодора вели дека нивната љубов никогаш не била на испит.
„Нино и јас некое време одржувавме врска на далечина и тоа беше голем предизвик за нас. Што ние двајца не се појавиме заедно на некој јавен настан, се зборува дека сме раскинале! Порано полудував, но сега сум посилна, повеќе не ме погодуваат таквите приказни. Ми се случуваат моменти кога ми е преку глава од сè, јас можам некогаш да излезам и сама, имам и јас право да се напијам, да си дада одмор на себе... Мојата работа и живот се турбулентни, порано се оптеретував со сè, но конечно сфатив дека не можам за сè да одлучувам сама, тоа не е здраво. Сега се трудам да имам доволно слободно време само за себе“ - искрена беше младата музички ѕвезда.
Некои мажи не даваат важност на тоа дека Теодора има момче, па често ѝ приоѓаат и ѝ се додворуваат.
„Океј сум по тоа прашање. Кога ќе ми дојде преку глава, велам: „Еј луѓе, не сум расположена“, но тоа го кажувам на убав начин“.
фото: Принтскрин / Инстаграм