Теодора Џехверовиќ објасни дека Инстаграмот ѝ служи за работа: Сосема спонтано објавувам фотографии со момчето
Пејачката се осврна на шпекулациите дека раскинала со Нино...
Пејачката Теодора Џехверовиќ проговори за наводниот крај на врската со кошаркарот Нина Челебиќ, за што се зборуваше на социјалните мрежи.
Имено, пејачката сега истакна дека се заедно, како и дека во нивната емотивна врска е сѐ во ред.
„Заедно сме, сѐ е океј. Сосема спонтано, како ќе ни дојде, така објавуваме. Инстаграмот донекаде е и моја работа, заработувам од тоа и мислам дека тоа треба да биде умерено, а не мој Инстаграм - моја врска. Супер ни е вака“ - објасни Теодора во емисијата на познатиот водител Огњен Амиџиќ.
Водителот ја праша Теодора и кој ѝ се допаѓал кога била мала, а таа како од топ го кажа името на колегата кој беше со нејзе во емисијата.
„Саша Ковачевиќ“ - кажа Теодора и почна да се смее заедно со Саша.