Теодора жестока по наводите дека раскинала со Нино: Еве, да им нацртам на оние кои не сфатиле

Теодора жестока по наводите дека раскинала со Нино: Еве, да им нацртам на оние кои не сфатиле

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Откако Нино поради деловни обврски отпатува во Бразил, поединци зборуваа дека пејачката и кошарот раскинале...

Младата пејачка Теодора Џехверовиќ се огласи по приказните дека раскинала со кошаркарот Нино Челевиќ и на своето момче му испрати силна љубовна порака.

Имено, откако Нино поради деловни обврски отпатува во Бразил, поединци пишуваа дека тие раскинале и Теодора ја спојуваа со други мажи.

Пред неколку дена пејачката објави фотографија со Нино, но како што напиша сама, бидејќи поединците не сфатиле што е вистина, одлучила да им „нацрта“.

„Бидејќи поединци не сфатиле што е вистина, сега ќе ви нацртам. Нино и јас никогаш не раскинавме и апсолутно немам врска со дотичната личност со која ме спојувате, дури не ја ни познавам“ - напиша Теодора.

Пејачката потоа му се обрати на своето момче и многумина им ги затвори устите.

„Те сакам, Нино и верувам дека нашата врска ќе успее! Сега одам да се пакувам“ - додаде младата пејачка со знамето од Америка, каде ѝ почнува турнејата на 15 октомври.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: