Тестирањата на платформата продолжуваат, но безуспешно: Учениците и наставниците никако не може да се вклучат
„Тестирањето продолжува и во текот на денешниот ден. Како резултат на истото, посочуваме дека е возможно повремено да добивате порака за грешка при поврзување со базата (error database connection), што е очекувано во предметната фаза на тестирање.“ - напиша Министерство за образование и наука во најновото соопштение.
Но, за жал многу ученици и наставници се уште не може да се приклучат. Немирот владее кај сите, иако збунетоста кај учениците е најголема.
Од МОН препорачуваат да се смири тензијата и додадоа:
„Ве охрабруваме да продолжите со поврзување на Националната платформа за учење на далечина и во наредните денови, и редовно да ги следите новите содржини кои ги поставуваме на главната страница (www.schools.mk).“
Инаку во текот на вчерашниот ден од МОН истакнаа дека на Платформата биле најавени над 88.000 активни корисници и дека истите придонеле за успешно идентификување и дефинирање на предизвиците кои произлегуваат од оптоварувањето на Платформата во оваа фаза на нејзина имплементација.