Ти почина без да умреш, а ние по страшната вест умревме без да починеме: Најемотивниот говор посветен на Тоше

Ти почина без да умреш, а ние по страшната вест умревме без да починеме: Најемотивниот говор посветен на Тоше

Објавена во: Stars // Музика

Доколку беше жив, Тоше Проески денес ќе наполнеше 40 години. Сигурни сме дека ќе имаше безброј хитови, кои сите заедно во еден глас ќе ги пеевме на концертите, но животот имаше друг план за него. Премногу млад замина, но само физички, бидејќи ниту еден од нас не го заборавиме. Постојано додека ги слушаме неговите песни се потсетуваме на сѐ што е поврзано со него.

Затоа на овој ден ќе потсетиме на најемотивниот говор посветен на Тоше. Неблагодарната улога да зборува за него, набрзо по неговата смрт ја имаше шоуменот и актер Игор Џамбазов. Со кнедла во грлото и солзи во очите, тој успеа со неколку реченици да ги расплаче сите присуни, а воедно и да му оддаде чест на нашиот прежален ангел.

Во продолжение погледнете го видеото од манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, на која Игор го кажа најемотивнот говор за Тоше:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: