Ти си наша гордост: Александар Матовски Цако избран за Европеец на годината

Ти си наша гордост: Александар Матовски Цако избран за Европеец на годината

Александар Матовски, познат како Цако, е младо момче со Даунов синдром. 

Викендов Цако на голема радост се закити со големото признание „Европеец на годината“. Заслужено! 
Делегацијата на ЕУ ги номинираше кандидатите кои се одлика на европските вредности, но јавноста е таа која одлучуваше за нивниот избор. Имаше три категории: здравствени работници, заштита на животната средина и млади активисти – но, сепак беа четири награди.

Цако го добри признанието „Европеец на годината“ во категоријата млади активисти и уште еднаш докажа дека секој може да биде успешен.

При примањето на наградата Цако прочита една негова песна и се заблагодари за признанието.

Инаку Цако е еден од танчарите од танцовото студио „Dancers United MK“ кои го освоија првото место на Светското првенство во модерни танци кое што се одржа во Киелце,Полска. 

Цако е творец на поезија, водител на своја радио-емисија и секојдневен борец за човековите права. Неговото семејство е негова најголема поддршка, особено сестрата Марија. Таа се појавува како верен придружник на Цако на многу настани, меѓу кои и Светската конференција во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, каде тој ја раскажа својата приказна како прв македонски студент со Даунов синдром. 

Овојпат Марија напиша: „стандадно,си пуштив некоја солза“ и се заблагодари што во животот има луѓе како брати ѝ Цако и Денис Јанкуловски кој исто така го доби признанието „Европеец на годината“  во категоријата здравствени работници.

Мајката на Цако, Снежана Матовска исто така е негова најголема поддршка и таа напиша „Ти си наша гордост“



Можеби ќе ве интересира: