Ти си мојата гордост, мојата љубов и моето сè: Перо Антиќ со емотивни зборови и низа фотки му го честиташе роденденот на синот Петар

Ти си мојата гордост, мојата љубов и моето сè: Перо Антиќ со емотивни зборови и низа фотки му го честиташе роденденот на синот Петар

Објавена во: Совети // Семејство

Денеска се слави во семејството на поранешниот кошаркар...

Перо Антиќ, најпознатиот македонски кошаркар кој имаше можност да игра и во НБА, е еден од поактивните познати личности на македонската јавна сцена. Постојано сподели моменти од својот приватен живот со своите следбеници на Инстаграм, а често главни ликови во неговите објави се и неговите три сина - Лука, Петар и Павел.

Овој пат, поранешниот кошаркар направи исклучок и со право издвои само еден од нив - синот Петар. Имено, денес Петар слави роденден, а гордиот татко со емотивни зборови и низа фотографии му го честиташе овој ден на својот славеник.

„Среќен роденден Петар! Ти си мојата гордост, мојата љубов и моето сè. Тато те сака“ - напиша тој покрај фотографиите, додавајќи емотикони срце и роденденска торта.


Набрзо почнаа да пристигнуваат честитики од сите страни, како од обожавателите на Перо, така и од неговите пријатели и роднини.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: