Ти си на ѕвездата месечина: Алачки со емотивна посвета за внуката
Најголемата радост на фолк пејачката Андријана Алачки, внуката Јана вчера славеше роденден. Гордата баба не можеше да издржи, а да не ја сподели оваа радост со своите пријатели на Фејсбук.
Сподели фотографии со преслатката Јана, покрај која напиша: „На сонцето сонце, на блесокот оган, на ѕвездата месечина, душата како свемирот... среќна да е... Среќен роденден Јана“.
Инаку, пред одреден период за Женски магазин, Андријана откри дека би сакала да има уште внучиња, но и дека нејзините деца се нејзина најголема награда.
„Децата се мои најважни животни Гран При награди. Се друго е минливо, само децата и внуците се трајни животни дела“ - своевремено, изјави гордата мајка и баба.