Ти си најдобра мајка: Џенифер Лопез сподели слатка порака од ќеркичката Еми
Џенифер Лопез сподели искрена порака од нејзината 12 - годишна ќерка Еми, во чест на Националниот ден на ќерката.
51 - годишната суперѕвезда во петокот на Инстаграм го сподели слаткото видео во кое Еми ѝ кажува колку многу ја сака и колку ѝ недостасува.
„Здраво, мамо! Само сакам да ти кажам дека си најдобрата мајка - всушност, ти си повеќе од тоа - ти си најдобрата мајка на целиот свет и не можев да побарам подобра“ - вели Еми, ќерката на Лопез со поранешниот сопруг Марк Ентони.
„Навистина ми недостасуваш и те сакам. Па, сакам да го направам ова пред да се појавиш, бидејќи тоа би требало да биде изненадување. Јас навистина те сакам и ти си најдобрата мајка на целиот свет и не знам што би правела без тебе - добро, технички ништо. Но, не знам што би правела без тебе и те сакам многу“.
„Среќен Национален ден на ќерката на овој „lil coconut“... ти си моето сонце и целото мое срце“ - напиша Лопез покрај видеото.