Тие имаат се: Популарност, пари, но едно нешто им недостасува...
Тие имаат се! Популарност, пари, но едно нешто им недостасува...
Холивудските ѕвезди сигурно имаат живот за кој многумина сонуваат... Актерот Руперт Гринд или попознат како најдобриот пријател на Хари Потер во истоимениот филм, на јавноста и кажа што најмногу го мачи во животот.
Руперт својата актерска кариера ја започна многу млад, од свои 11 години, во филмот Хари Потер и од тој момент станува позната личност и неговиот живот повеќе не бил ист. Тврди дека популарноста има своја цена.
„Се трудам да се сетам на животот пред популарноста. Беше чудно тоа и ми требаше некое време за да го процесирам. Да се биде невидлив е многу тешко. Понекогаш само сакам да одам на шопинг како сите други. Мислам дека се изгубив. Кога си познат актер, се поистоветуваш со ликој кој го глумиш, дури и кога не го глумиш“ – призна Руперт на медиумите.
Голем проблем е тоа што твојот живот станува јавен и не смееш и не криеш ништо од публиката, бидејќи од тоа живееш. Но, потребата за мир и слобода ја имаат сите. Социјалните мрежи, снимањата, пробите, сето тоа е една голема обврска.
Да се биде ѕвезда навистина е сон на секој од нас, но мора да сфатите дека тоа не е едноставна задача. Големи пари се во игра, но понекогаш тоа не ти е важно, колку што ти е важна слободата и мирот кои ги немаш во тој момент. Ова го тврди и Гринт: „Всушност не знам колку пари имам. Не можам ни отприлика да кажам. Тоа не ме мотивира веќе. Се чувствувам сигурно и пријатно и тоа е добро. Мило ми е што имам пари, но не сум фокусиран на тоа“.