Тие не се само убави и познати: Листа на најинтелигентните ѕвезди

Тие не се само убави и познати: Листа на најинтелигентните ѕвезди

Објавена во: Музика, Филм

Кога станува збор за познатите личности, многу луѓе претпоставуваат дека тоа е само затоа што се актери, музичари или водители и дека не се нешто посебно паметни.

Но, тоа е далеку од вистината, за што сведочи и нивниот IQ. Во продолжение дознајте кои се некои од најпаметните ѕвезди во Холивуд.

# Џејмс Франко

Овој актер има 130 IQ. Завршил неколку факултети и колеџи, а има и докторат на UCLA Универзитетот.

# Натали Портман 

IQ - то на оваа актерка е неверојатни 140. Помеѓу останатите постигнувања, Натали може да се пофали со диплома од Харвард во областа на психолијата.

# Никол Кидман

Оваа холивудска ѕвезда студирала на неколку колеџи и високи школи, а IQ - то и е 132.

# Шакира

Шакира е една од најуспешните жени во музичката индустрија. Покрај тоа што е многу талентирана за пеење, таа знае и седум јазици, а IQ - то и е 140.

# Мет Дејмон 

Прочуениот актер студирал на Харвард, а сам го напишал сценариот за „Добриот Вил Хантинг“ на предвањето по англиски јазик. IQ - то му е 160.

# Мадона

Поп дивата има неверојатно високо IQ за некој кој се однесува многу необично. Имено, нејзиниот IQ е 140.

# Ештон Катчер

Верувале или не, Ештон има ист IQ како и прочуениот Стивен Хокинг - 140.

# Арнолд Шварценегер

Актерот кој се прослави со улогата Терминатор е многу паметен, а неговиот IQ изнесува 132.

Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: