Тие се млади, модерни, неодоливо потсетуваат на своите мајки: Вака изгледаат ќерките на супермоделите од 90-тите
Ќерките на моделите од 90-тите денес се тинејџерки и возрасни жени, а многу од нив исто така стануваат препознатливи лица во светската модна индустрија...
Титулата „супермодел на 90-тите“ има посебен шарм. Во тоа време, моделите Кејт Мос, Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Еванџелиста, Клаудија Шифер и други заедно го создаваа имиџот на најголемите модни брендови. Ќерките на некои од нив моментално одат по нивните стапки, а во продолжение погледнете како изгледаат денес.
# Лени Олуми Клум
По стапките на својата мајка, ќерката на Хајди Клум станува модна ѕвезда. Лени (17) својата модна кариера ја развива во родната Германија и станува сè попрепознатливо модно име во светската индустрија. Заедно со Хајди Клум, веќе се појави на разиграната насловна страница на магазинот Вог, моментално ја претставува својата модна колекција под назив „About You“, а сè почесто можеме да ја видиме и на црвениот килим, во придружба на мама Хади и тато Сил. Многу е активна и на социјалните мрежи, каде што ја следат повеќе од милион следбеници.
# Лили Мекменами
Лили е модел од високата мода која е препознатлива по својот единствен изглед, стил на облекување и став. Како и нејзината мајка, супермоделот Кристен Мекменами, модната кариера ја започнала скромно - на 18 години се преселила во Париз, каде работела како келнерка и полека се пробивала во светот на високата мода. Денес Лили може да се пофали со кампањи за брендовите како „Луј Витон“, „Фенди“, „Мосхино“, „Балман“ и „Кензо“.
# Лила Грејс Мос
И ќерката на Кејт Мос е на добар пат да стане супермодел како својата мајка. Лили е ќерка на Кејт Мос и нејзиниот поранешен партнер Џеферсон Хак. Како модел дебитираше на ревијата Миу Миу, а со Кејт Мос се појавува и на бројни ревии и фотосесии. 19-годишната Лила досега соработуваше со многу модни куќи, вклучувајќи ги „Версаче“, „Фенди“ и „Ричард Куин“, а покрај манекенството, во иднина сака да се занимава и со некои други бизниси во светот на модата.
# Лили Маргарет Брант
Лили Маргарет е ќерка на легендарниот супермодел Стефани Симор, која во историјата на модата влезе благодарение на кампањите за бројни реномирани светски брендови, како и титулата ангел на Викторија, на само 19 години. Нејзината ќерка, 17 годишната Лили Маргарет, своите амбиции во кариерата ги развија самостојно, а својот живот сака да го споделува на социјалните мрежи со своите 15.000 следбеници. Стефани Симор и нејзиниот сопруг Питер Брант во брак се од 1983 година, а за тоа време добија три деца. Нивниот 24-годишен син Хари почина оваа година од случајно предозирање со лекови.
# Каја Гербер
Синди Крафорд и нејзиниот сопруг, поранешниот модел Ренди Гербер, имаат две деца - ќерката Каја и синот Присли. 20-годишната Каја својата кариера како модел ја започна на 16 години и стана една од најпосакуваните медиумски и модни личности во својата прва сезона. Својата манекенска кариера и понатаму ја гради со брендовите „Сент Лорент“, „Келвин Клајн“, „Селин“ и „Џими Чу“ и насловните страници на најголемите светски модни магазини.
# Лили - Роуз Деп
Ванеса Паради, мајката на 22-годишната Лили - Роуз Деп, француската манекенка во 90-тите години беше позната по својата нежна, женствена убавина, талентот за пеење и брак со популарниот актер Џони Деп. Лили - Роуз во светот на медиумите влезе уште како тинејџерка, а денес ја знаеме како успешна актерка во филмовите „Voyagers“, „The King“ и „Silent Night“. Покрај тоа, Лили - Роуз редовно работи со својата мајка како амбасадор на брендот Шанел.
фото: Инстаграм