Тие се надвор од контрола: Поранешната дадилка на децата на Џоли го откри вистинското лице на актерката како мајка кога нема камери
Анџелина Џоли веќе долго време во очите на јавноста настојува да се прикаже себе како идеална мајка која одлично успева да излезе на крај со шесте деца, покрај изјавите на нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит дека и не е баш така.
Холивудската актерка Анџелина Џоли наводно ги расте и образува децата на свој начин за кој смета дека позитивно влијае на нивното созревање и растење, а како што изјави, примарна цел ѝ се домашните задачи и образованието, како и всадувањето на почит и љубов кон живити битија.
Еднаш изјави дека секоја вечер во петок им пее приспивни песни со поинаков глас, се со цел да ги забавува.
Но, дадилката која работела за Анџелина и која престојувала со нив 24 часа дневно, за американскиот магазин „ОК“ откри дека зад затворените врати работите се сосема поинакви.
„Таа е мајка која е многу отсутна поради своите секојдневни потреби и кариера, не стигнува да им се посвети на децата и тоа е рецепт за пропаст“ - кажа дадилката и додаде дека актерката не може да ги смири децата и дека се потполно вон контрола и не се грижат за ништо, особено откако таа се развела од Бред во 2016 година.
Анџелина мисли дека е модерна мајка, бидејќи пред нив се однесува како кон возрасни луѓе. Но, вистината е дека на децата од време на време им е потребна воспитна мерка, за да би можеле да го разликуваат исправното од погрешното.
„Анџелина им прави повеќе проблеми отколку што им носи добро и на децата им прави огромна услуга“ - ги изнесе своите мислења дадилката, која ги чуваше трите биолошки деца на поранешната холивудска двојка, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен и трите посвоени Медокс, Пакс и Захара.
„И додека во очите на јавноста Џоли изгледа како пожртвувана самохрана мајка која цврсто ги држи конците во раце над огледувањето на децата, кога камерите не снимаат таа е со либерални сфаќања и кон своите пороци и кон децата, дури и прелиберални“ - тврди дадилката и додава дека актерката е склона кон алкохолот и дека скоро секоја вечер отвара по едно шише црвено вино, а некогаш и повеќе.
„Иако нејзините најстари деца се далеку под границата за легално да смеат да пијат алкохол, Анџелина повремено им дозволува да се напијат чаша или две“ - открива дадилката, која смета дека е лицемерно од Анџелина што во борбата за старателство над децата, на судот го обвини Бред дека има проблеми со пиењето.
Исто така, раскажала и дека актерката наводно често поради работата морала да гледа видео материјали кои содржат насилство и дискутабилни сцени, а што е најлошо без проблем им ги покажувала и на децата, што не било случај додека Бред живеел во куќата.
Дадилката исто така ги негираше изјавите на Анџелина за приспивните песни, велејќи дека тоа било практика во минатото.
„Слушав дека често излегува од куќата навечер и ги остава децата сосема сами без никој повозрасен да ги надгледува, а скоро ги остави на повеќе од десет часа во текот на ноќта, додека го снимаше новиот филм“ - кажа и со своето сведоштво го доведе во прашање имиџот на актерката за идеален роденден.
фото: Profimedia