Тие се наследнички на милијардери: Живеат во луксуз, некои се разгалени, а која од нив е „најлоша“?
Ова е листата на ќерки, внуки и правнуки на познатите милијардери од целиот свет...
Некои од нив се иритирачки и разгалени детишта, други се успешни во бизнисот, додека многумина се филантропи, а некои сакаат животни. Сепак, сите имаат две заеднички работи - пари и убавина. И навистина, дали постојат ли две поважни работи на светот денес?
# Петра и Тамара Еклстоун
Берни Еклстоун вреди околу 3,1 милијарди долари и е извршен директор на Формула 1. Неодамна наполни 91 година, а најмногу внимание од неговите четири деца привлекуваат Тамара и Петра. Родени се во 1984 и 1988 година. Тамара е ријалити ѕвезда и поранешен модел, а Петра е модел, но се има испробано и како дизајнер. И двете сега се во брак и имаат деца, но порано сакаа да излегуваат и да се забавуваат.
# Ерин Лодер
Родена е во 1970 година и е внука на Есте и Џозеф Лодер, сега е една од клучните личности во компанијата „Este Loder“, а нејзиното богатство се проценува на повеќе милијарди долари. Во рамките на компанијата, постојат парфеми, козметички производи и мебел кој го носи нејзиното име. Се омажи за Ерик Зинтерхофер, познатиот њујоршки инвестиционен банкар, во далечната 1996 година. По две деца и начинот на живот, таа изгледа фантастично и фит.
# Иванка и Тифани Трамп
Без оглед на тоа што мислите за Доналд Трамп и неговата политика, мораме да кажеме дека ќерките му се прекрасни. Иванка е поранешна манекенка и советничка во политиката, неодамна наполни 40 години, а вниманието на јавноста го привлече со својата софистицираност и модерен стил на облекување. Нејзината полусестра Тифани (28), започна музичка кариера, а се занимава и со моделинг, но се шушка дека Трамп никогаш не ја сакал како останатите деца, што навистина звучи морничаво.
# Марта Ортега Перез
Марта Ортега, наследничката на шпанското модно царство „Zara“, родена е во 1984 година, а својата каерира ја започнала во компанијата со најниска позиција, исто како што и нејзиниот татко на почетокот на кариера. Се омажила во 2018 година за Карлос Торете, син на престижниот аргентински дизајнер РобертоТорете. Магазинот „Форбс“ го наброи неговиот татко како шеста најбогата личност на светот, со богатство проценето на 70 милијарди долари.
# Парис и Ники Хилтон
Парис и Ники Хилтон се правнуки на Конрад Хилтон, кој го започна ланецот хотели Хилтон, а родени се 1981 и 1983 година. За оние кои имаат пропуштено, Парис се прослави како размазена богаташка во Њујорк, додека работеше како модел за агенцијата на Доналд Трамп, а потоа стана ријалити ѕвезда. Парис на 11 ноември се омажи за своето момче Картер Руми. Има и свое кулинарско шоу на Нетфликс, а во 2020 година излезе и нејзиниот документарец „This is Paris“. Во подготовка се нови мемоари, а лансираше и разни подкасти. Ники Хилтон се занимава со дизајнирање на накит, чанти...
# Џенифер Кетрин Гејтс
Таа е наследничка на најбогатиот човек на Земјата. Таа е најстарата ќерка на Бил Гејтс, родена е во 1996 годиа и обожува коњи. Студира медицина. Пред неколку години, татко ѝ ѝ купил имот за коњи во Калифорнија во вредност од 18 милиони долари. Џенифер во октомври се омажи за Најел Насер, а големо внимание привлече поради фактот дека до олтарот ја испратија родителите, Бил и Мелинда, кои се разведоа оваа година по 27 години брак.
# Ив Џобс
Ив е најмладата ќерка на покојниот Стив Џобс, основачот на компанијата „Apple“. Студира на Станфорд, а според „Форбс“ богатството на семејството Џобс се проценува на околу 20,1 милијарди долари. Ив од неодамна се занимава и со манекенство, што можеме да видиме по нејзините објави на социјалните мрежи.
# Клои Грин
Таа е ќерка на Филип Грин, сопственик на „Arcadia Group“ која ги има Топшоп, Топмен и Мис Селфриџ. Клои е позната по мрзеливоста и размазеноста, но и фактот дека има син со „најсексапилниот затвореник“ на светот, Џереми Микс. Имаше обид да дизајнира чевли, но тој бизнис неславно ѝ пропадна. Па, така Клои поголемиот дел од животот се потпира на богатството на татко ѝ.
# Холи Бренсон
Британскиот бизнисмен Ричард Бренсон, „тежок“ околу 5 милијарди долари, а е најпознат е по авио компанијата и компанијата за безжична комуникација. Ја основал „Virgin Group“, која се состои од 400 компании на различни подрачја. Холи е родена во 1981 година. По неколку години во медицинското училиште, одлучила да работи за својот татко, па станала претседателка на „Virgin Group“ фондацијата. Се омажила во 2011 година за Фреди Ендрјус.
# Софија Абрамовиќ
Софија е родена во 1995 година и е ќерка на Роман Абрановиќ, руско - израелскиот милијардер и бизнисмен, кој е сопственик на фудбалскиот клуб „Челси“. Дипломирала менаџмет во Лондон. Таа е вешт скокач и ја претставуваше Русија на меѓународен коњички натпревар. И покрај тоа што сака да го држи приватниот живот подалеку од јавноста, таа ужива да поминува време со пријателите и да споделув фотографии на Инстаграм.