Тие се сијамски близначки, едната најде момче и ужива во љубовта: Шокираат со признанието за интимниот живот

Тие се сијамски близначки, едната најде момче и ужива во љубовта: Шокираат со признанието за интимниот живот

Објавена во: Живот // Живот

И додека Кармен има романтична врска, Луптита признава дека е целосно асексуална!

Кармен и Лупита Андраде (21), кои се родени во Мексико како сијамски близнаци, одговорија на низа прашања за тоа како изгледа нивниот живот. Тие открија многу за интимноста, нивното хоби и образование, како и нивните идни брачни планови. И додека зборуваа за тоа како се соочуваат со разни ситуации, сите останаа без зборови од признанието дека Кармен сега има момче.

На сестрите, за кои се очекувало да живеат само три дена по раѓањето во 2002 година, им било кажано дека нивното разделување може да доведе до смрт. Затоа решиле да останат заедно и да се прилагодат на животот една со друга.

Девојките се споени по ѕидовите на градниот кош до карлицата каде што се спојуваат нивните 'рбети. Тие имаат по две раце, но само една нога во исто време, при што Кармен ја контролира десната, а Лупита левата.


Кармен има момче веќе година и пол

Двојката се запознала на апликацијата за запознавање „Hinge“, која има за цел да одговара на компатибилни луѓе за сериозна врска. Кармен истакнува дека секој пат кога излегувала со своето момче бил нов процес на прилагодување на различен начин на живот со нејзината сестра Лупита.

Таа истакна дека нејзиниот партнер, чие име не го откри, ѝ бил како близок пријател и дека не биле интимни, со што тој се сложил. Сепак, нивната љубовна врска и тоа како го привлекува вниманието на јавноста.

- Сакав да бидам транспарентна во сè и да не кријам ништо. Беше многу важно што јас и сестра ми разговаравме за тоа кои граници се во ред, а што не е во ред. Сите поминавме низ процес на учење и адаптација – изјави Кармен.

Од друга страна, нејзината сестра Лупита истакна дека е целосно „асексуална и ароматична“.

Сепак, Кармен рекла дека бракот не ѝ е приоритет, бидејќи има само 21 година, но признала дека не ѝ е важен потписот, туку односот со партнерот. 


Сестрите не се гледаат себеси како инвалиди

Кога Лупита и Кармен биле млади, тие поминале години на физикална терапија учејќи како да седат и да работат заедно за да ги користат своите нозе. На четири години ги направиле првите чекори. Лекарите размислувале да ги разделат, но одлучиле дека тоа не може да биде безбедно, бидејќи би делеле премногу витални органи и долниот дел од 'рбетот.

На прашањето дали некогаш сакале да се разделат, двете одговориле не, бидејќи и да помине добро операцијата, пред нив се години физикална терапија и опоравување.


- Тука е и целата психолошка ситуација, бидејќи толку сме навикнати да бидеме заедно. Кога се појави приказната за операцијата за разделување, ја прашав мајка ми: „Зошто сакаш да не преполовиш?“. Мислам дека нема поента - сестрите се согласуваат.

Меѓутоа, Лупита боледува од сколиоза, која ѝ ги стеснува белите дробови. Лекарите веруваат дека во иднина ќе има потреба да се изврши хируршка интервенција или, алтернативно, да се започне со употреба на апарат за кислород. Бидејќи, иако тоа е релативно едноставна процедура за обичните луѓе, тоа не е случај за сијамските близнаци. Постои висок ризик од смрт или оштетување на мозокот за Лупита.


извор: stil.kurir.rs


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: