Тие се во голем проблем: Познатите ТикТокери би можеле да завршат во затвор поради Ковид-19 забавите
Мерките кои одат во пакет со пандемијата на коронавирус очигледно не вредеа за сите, бидејќи Блејк Греј и Брајс Хол во своите вили во Лос Анџелес приредуваа огромни забави, додека останатите луѓе мораа да бидат во своите домови.
Откако, за време на најлошиот период од пандемијата на коронавирус, ТикТокерите Брај Хол и Блејк Греј приредуваа забави во своите вили во Лос Анџелес, сега поради тоа би можеле да завршат во затвор, пишува PopBuzz.
Градските власти на Лос Анџелес поднесоа казнени пријави против овие двајца ТикТокери, поради загрозување на сигурноста на граѓаните на Лос Анџелес, бидејќи организирале собири во периодот кога истите беа изразено забранети.
Наводно, на тие забави присуствувале повеќе од 100 луѓе кои сето тоа редовоно го документирале на социјалните мрежи. Градоначалникот на Лос Анџелес, Мајк Фојер, ги обвини нив двајца за „загрозување на квалитетот на животот во соседството“.
За овој прекршок најчесто се доделува затворска казна од една година и парична казна од максимално 2.000 долари, но никој не верува дека Брајс и Блејк ќе завршат во затвор, туку дека само ќе ја подмират паричната казна.