Тие веќе уживаат во празничната магија: Кои ѕвезди ги украсија елките во своите домови? (ФОТО)
Некои толку го обожаваат празничниот период што еден месец порано ги украсија новогодишните елки...
Украсувањето на елката е омилен дел од празничната сезона. И додека некои строго ги чекаат празниците, други сакаат да ја украсуваат елката неколку недели порано, за што поскоро да уживаат во празничната магија во својот дом.
Но, некои луѓе толку многу ги сакаат празниците, што елката веќе им го краси домот, иако само што започна декември. Ние се потрудивме да ви откриеме кои светски познати ѕвезди веќе ги украсија своите елки и се пофалија на социјалните мрежи.
# Мили Боби Браун
Актерката уште во средината на ноември, беше зарабена од празничниот дух. Тогаш, на Инстаграм објави дека ја уркасува елката со нејзиното момче Џејк Бонџови, додека во позадина се слуша песната „All I Want For Christmas Is You“ на Мараја Кери.
# Кајли Џенер
И домот на оваа 25-годишна позната личност блесна во божиќно руво. Кајли ја покажа својата елка која стигнува до плафонот и која е украсена со бели сијалички и многубројни украси. Работата поврзана со украсувањето сигурно ѝ била полесна со помош на најмладите членови од кланот Кардашијан - Џенер, кои може да се видат во објавата.
# Рис Витерспун
За разлика од Кајли, Рис се одлучи за помала елка, на која искомбинира црвени и сребрени украси. На Инстаграм објави селфи и ги праша своите следбеници дали е прерано за елка.
# Пријанка Чопра
Актерката на стори на Инстаграм сподели видео на кое со прстот покажува на својата елка, со натпис „Горе е“. Многу е возбудена, бидејќи ова е прв Божиќ што таа и нејзиниот партнер Ник Џонас ќе го прослават со нивната ќерка Малти Мари.
# Штаси Шредер
Американската блогерка и ТВ ѕвезда со обожавателите сподели фотографии од својата ќерка, прашувајќи се кога толку пораснала. Иако фокусот е на малата Хартфорд, во позадина може да се види елката која е украсена со златни лампиони и жолти сијалички.
фото: Принтскрин / Инстаграм