ТикТок бележи раст од 125%: Јутјуб сака дел од колачот

ТикТок бележи раст од 125%: Јутјуб сака дел од колачот

Новата апликација „Shorts“ е замислена како конкуренција на популарниот ТикТок и претставува нов проект зад кој стои Јутјуб.

Популарната Google видео платформа има за цел да креира апликација која ќе биде директен ривал на ТикТок и истата на корисниците да им овозможи објавување и споделување на кратки видео содржини...

На идните корисници на располагање ќе им биде и лиценцирана музика која „Youtube Music“ ја нуди во својот каталог, па така песните без проблем ќе може да се користат во креирањето на видеата.

Очигледно е дека и Јутјуб сака да биде дел на пазарот на вакви апликации, на кој кинескиот ТикТок, апликација која ја користат милиони луѓе ширум светот, бележи раст од 125% во изминатите две години.

Големиот успех на ТикТок размрда многу од интернет компаниите, па така и Фејсук ја разви „Lasso“, својата верзија на ТикТок која „во тишина“ се тестира на поединечни пазара како што е Бразил.

Можеби ќе ве интересира: