ТикТок ѕвездата Каби се соочи со првиот „проблем“ за кој немаше „решение“: Се вика Златан Ибрахимовиќ

ТикТок ѕвездата Каби се соочи со првиот „проблем“ за кој немаше „решение“: Се вика Златан Ибрахимовиќ

Објавена во: Stars // YouTube видеа

ТикТок ѕвездата Каби Ламе, кој го освои Интернетот со видеа во кои без да изговори ни збор им објаснува на луѓето како „правилно“ да направат одредени работи со соочи со првиот „нерешлив“ проблем.

Каби се обиде да ја реши на својот препознатлив начин една од игрите од популарната серија „Squid Game“.

Тој, наместо одењето по стакло и ризикот од тоа да падне, избра да оди по метални рабови и на тој начи да ја комплетира задачата.

Кога дојде до чуварот кој ја следи регуларноста на играта, го направи карактеристичниот потег со рацете, мислејќи дека го пронашол „едноставното решение на проблемот“.

Но, потоа чуварот го застана, а кога ја тргна маската под мистериозниот триаголник се појави Златан Ибрахимовиќ.

Каби, потполно шокиран, паѓа во провалијата, а Ибрахимовиќ потоа гестикулира со рацете во стилот на ТикТокерот.

„Моја игра, мои правила“ - кратко напиша Златан во описот на видеото.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: