ТикТок кралицата, Чарли Д’Амелио проговори: Се соочува со омраза на Интернет секој ден
Иако добива многу позитивни коментари, не може целосно да ги игнорира негативните.
Самите славни и влијателни личности избрале да бидат јавни личности и честопати ова вклучува слушање на мислења од други луѓе, за себе и мислења кои не се позитивни. Најпопуларната ТикТокерика во светот, Чарли Д'Амелио има само 16 години и секој ден се среќава со вакви коментари.
Додека има еден куп луѓе кои ја обожаваат и кои оставаат убав коментар под секој пост, секогаш има некој чија главна цел е само ширење на омраза. Има такви луѓе на секој чекор, оние кои нема да остават конструктивна критика, туку единствена радост им е да навредуваат.
Чарли наидува на вакви коментари и повеќе отколку што треба, и признава дека боли да ги чита.
„Да, луѓето кажуваат позитивни работи и ви даваат комплименти, но тоа не е она што ве привлекува. Заглавени сте на оние коментари каде што луѓето кажуваат што е лошо кај вас. Понекогаш тоа се работи што не можете да ги поправите и не можете да ги контролирате. Може да добиете милион позитивни коментари, но тие 5 негативни допираат повеќе до вас“, рече Чарли во интервјуто објавено на страницата на нејзиното семејство, на ЈуТјуб.
Бидејќи отсекогаш се занимавала со танц, најмногу ја повредуваат коментарите поврзани со нејзиното тело. Некогаш и велеле дека не може да биде балерина затоа што е премногу мускулеста, тоа е коментар кој секогаш го памети затоа што ја повредил кога била помлада, а сега стотици и илјадници луѓе и го кажуваат тоа преку Интернет - повторно. Чарли има теорија дека луѓето немаат проблем да оставаат грди и зли коментари затоа што мислат дека таа никогаш нема да ги види и не очекуваат дека ќе ја повредат.
Ова не е прв пат да се обиде да им објаснува на луѓето дека не е во ред да се оставаат лоши коментари. На почетокот на овој месец, таа повторно зборуваше на таа тема, бранејќи нејзин пријател: ‘Не разбирам зошто некои луѓе мислат дека е во ред да зборуваат негативно за нечиј изглед, тежина или сексуална ориентација. Може да му наштети на лицето на кое му е оставен коментарот, но исто така и на која било друга личност која изгледа, се чувствува исто или го гледа тоа.
Чарли е личноста која секогаш шири позитивност на нејзините социјални мрежи, и покрај тоа што има само 16 години, таа знае повеќе за почитувањето на луѓето на Интернет, отколку еден куп постари лица.
извор:teen385.com