ТикТокер го разоткри познатиот готвач: Бифтекот кој го продава за 1.500 евра го приготви за многу помалку пари, вкусот е идентичен

ТикТокер го разоткри познатиот готвач: Бифтекот кој го продава за 1.500 евра го приготви за многу помалку пари, вкусот е идентичен

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Познатиот турски готвач Нусрет Гокче, односно „кралот на солта“ или „salt bae“, како што е познат, преку ноќ стана светска сензација, а денес е еден од најбогатите угостители во својата земја.

Бифтекот во неговиот ресторан чини 20 евра, но доколку ви го посоли лично, цената се движи и до 800 евра.

Вртоглавите цени не ги спречија посетителите да одат во неговите локаци и да го пробаат, секако, најскапиот бифтек на светот, познатиот „Tomahavk“, кој се продава по цена од околу 1.500 евра.

Ова јадење се служи во „Nusr-Et Steakhouse“ во Најтсбриџ, а она што го прави поспецифичен се златните листови со кои е прекриен.

Меѓутоа, сега еден инфлуенсер и ТикТокер покажа дека идентичен бифтек може да направите и дома и тоа за многу пониска цена.

@harrisonwebb97

How much the Salt Bae GOLD steak REALLY costs to make! #saltbae  #Nusr_et

Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod

Тој го направил оброкот користејќи путер во вредност од 2 фунти, 60 пени дал за кромид, 70 пени за коријандер и говедски стен од 32,92 фунти, пред да го дополни со злато кое се јаде од 28 фунти.

Вкупната цена на јадењето изнесувала вкушно 64,44 фунти - што значи дека би заработил огромна сума на пари за еден стек, доколку го продава по иста цена како „Salt Bae“.

Секако, видеото преку ноќ стана вирално, а многумина се согласуваат дека ова е прекрасен пример како да се направи, а потоа и да се ужива во вкусното јадење, а да не морате потоа до крајот на месецот да јадете само паштета, бидејќи ќе немате пари. Останува само да видиме што ќе каже на ова познатиот „крал на солта“.

фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: