ТикТокер тврди дека Кијано Ривс му е татко: Не мора да ме признае, доцна дознав дека сум му вонбрачен син на ѕвездата

ТикТокер тврди дека Кијано Ривс му е татко: Не мора да ме признае, доцна дознав дека сум му вонбрачен син на ѕвездата

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

ТикТокерот Дастин Тајлер, излезе во јавноста со шокантно тврдење, дека е вонбрачен син на актерот Кијано Ривс.

Шокантните детали ги опиша во едно од своите видеа, каде прво објасни дека е роден како син на еден од најпознатите актери во Холивуд.

Потоа, напиша дека родителите му се разделиле пред неговата мајка да му каже на актерот дека е бремена, а исто така додаде и дека израснал со информацијата дека неговиот татко починал, па затоа го израснала само мајка му.

„Како растев, така конечно ја добив вистината од својата мајка, се испостави дека татко ми е Кијано Ривс“ - напиша тој.

@omfgitsdustintyler

#foryou #fyp

original sound - Sarah Cothran

Во коментари доби поддршка од многумина, па дури и му поверуваа со оглед на тоа дека тој навистина личи на актерот. Во едно од видеата додаде дека не му е баш потребно да го признае татко му.

Актерот уште се нема огласено по повод овие тврдења.

Познато е дека партнерката на Кијано Ривс, Џенифер Сајм во осмиот месец од бременоста на свет го донесе девојчето Ава Арчер Сајм Ривс, која почина за време на породувањето. Трагедијата ги погоди многу, па по неколку недели одлучиле да се разделат.

Во април 2001 година, Џенифер доживеала сообраќајна несреќа и починала на лице место. медиумите пишуваа дека во моментот на несреќата била под влијание на седативи, кои лекарот ѝ ги препишал поради депресијата со која се соочувала.

Ривс, кој во тоа време требало да го снима филмот „Матрикс“, побарал пауза за да би можел да се избори со несреќата со која се соочил. Потоа, повеќе не се ожени.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: