ТикТокерка ги покажа пораките кои нејзината мачка ги испраќала на колегите: Пишувам извинувања на неделно ниво (ВИДЕО)
Само Бафи знае што сакала да „каже“...
Оние кои имаат домашни миленичиња добро знаат дека животот со нив е секогаш интересен. За волја на вистина, некогаш повеќе, некогаш помалку. Особено доколку се замешаат онаму каде што не им е местото. А, да бидеме реално, тоа најмногу го сакаат.
Сопственичката на мачката Бафи, неодамна на ТикТок сподели видое во кое покажа што прави нејзината мачка, кога таа ќе се тргне од лаптопот.
Можете ли да погодите?
Бафи обожува да испраќа пораки на колегите на својата сопственичка. Пораките се потполно неразбирлвии и само таа знае што сакала да каже. Секако, целата работа е во тоа што оваа мачка всушност седнува на тастатурата или ги притиснува копчињата на тастатурата со шепите, а потоа случајно притиснува ентер.
Во краткото видео кое го објави, оваа сопственичка на мачка покажа како изгледаат пораките, но и извинувањето кое им го испраќа на луѓето, со објаснување дека пораката е испратена од нејзината мачка.
„Испраќам извинувања на неделно ниво“ - пишува во описот на ова видео кое има повеќе од 102.000 прегледи.
@clexkate it’s a weekly apology #fyp #cats #catsoftiktok #wfh Funny Song - Cavendish Music
фото: Pixabay