ТикТокерка изненади со своето признание: Тејлор Свифт ми ја најде работата од соништата
Во виралното видео на ТикТок таа раскажа како дошла до позицијата на која работи и денес...
Тејлор Свифт е една од најпопуларните и најуспешните млади пејачки во Америка во моментов. Но, нејзината врска со нејзините обожаватели отсекогаш била поважна од самата музика. Така, неодамна една ТикТокерика раскажа за неверојатниот гест што Тејлор го направила за неа и нејзиното ТикТок видео стана вирален хит. Џенифер Чемпион (Jennifer Champion) се приклучи на трендот на ТикТок, во кој ТикТокерите зборуваат за позитивните искуства со познатите личности. Нејзиното искуство со Тејлор било такво што пејачката всушност и ја препорачала работата од соништата.
@jennichampion ##stitch with @missbeifong never shared this story before ##taylorswift ##taylorswiftfan ###taylornation ##meetingcelebrities ##storytime
original sound - Jenni Champion
„Последен пат кога ја видов Тејлор беше на нејзината турнеја во 2015 година. Имав неверојатно среќа што дури и ја запознав и се дружев со неа зад сцената по шоуто. Разговаравме и таа ме праша што се случува во мојот живот во моментов. Во тој период јас се борев за позиција во работата од соништата, па ме праша дали може некако да ми помогне на патот за да ја добијам. Се пошегував дека може да го повика идниот работодавец и да ме препорача, со оглед на тоа што работата беше од музичка индустрија, и јас веќе долго време водев веб-страница за неа. Таа сериозно се согласи, ги зедоа сите информации и ми ветија дека ќе им се јават и ќе ме препорачаат за работата. Два дена подоцна ми се јавија од таа компанија и ја добив работата. На првиот работен ден, работодавецот ми пријде и ми рече: „Аха, ти си онаа девојка која Тејлор многу ја сака!“ Леле... Јас работам на ова работно место повеќе од пет години и сум пресреќна, благодарение на неа“, рече Џенифер.
Ова нејзино видео моментално има околу 40.000 прегледи, а во меѓувреме има неколку нови следбеници на ТикТок.