ТикТокерка покажа што планира да облече за венчавката на својот татко - следбениците ѝ порачаа: Океј, Кендал

ТикТокерка покажа што планира да облече за венчавката на својот татко - следбениците ѝ порачаа: Океј, Кендал

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Предизвика лавина коментари...

ТикТокерките често споделуваат модни совети и исто така сакаат да ги покажува своите модни комбинации. Меѓутоа, како што имаат прекрасни предлози, кои многу дами ги усвојуваат, така имаат и апсолутни грешки.

Изгледа дека токму тоа е и случај со Аријана Дабнеј, која, на оваа социјална мрежа објави видео во кое покажа фустан кој во најмала рака е дегутантен, особено за венчавка и тоа за венчавката на сопствениот татко.

Имено, во прашање е краток црн фустан од брендот „God Save Queens“, кој има една прерамка и голем дел што се проѕира, а неговата цена изнесува 199 долари, односно нешто помалку од 11.000 денари.

„Ќе го носам ова на венчавката на својот татко следниот викенд. Со високи потпетици ќе изгледа подобро, не грижете се“ - напиша таа во видеото.

@ariannahisabelle

3rd times the charm  can’t wait for the wedding  #fyp #daddyissues #dressup #getreadywithme #toxica #toxic

original sound - Ariannah Dabney

Дури и ги праша своите следбеници дали би било подобро да го купи во бела боја.

„Зошто би го облекла ова на венчавката на татко ѝ?“, „Фустанот никако не е примерен за венчавка“, „Океј, Кендал“ - се само некои од коментарите на ова видео, кое има повеќе од 4.5 милиони прегледи.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: