ТикТокерка тврди дека е преубава за да би работела: Дали личам на некој што ќе станува секој ден во 6 часот наутро во следните 60 години?
Една убава корисничка на ТикТок е подготвена да се откаже од воспоставениот ритам кој подразбира вработување, велејќи дека е „преубава“ за да се мачи и работи.
Луси Велчер е влијателна личност на социјалните мржеи со повеќе до 10 милиони лајкови на ТикТок. Таа даде храбра изјава која ги подели мислењата на корисниците на социјалните мрежи, пренесува „Nypost“.
„Не сакам да работам до крајот на животот. Дали личам на некој што ќе станува секој ден во 6 часот наутро во следните 60 години“ - дрско кажа оваа русокоса.
„Не, нема. Премногу сум убава за тоа“ - додаде.
@luluhasfun Not my thing #working #scam original sound - Lucy
По објавувањето на видеото, почнаа да пристигнуваат разни коментари во врска со нејзината изјава.
Многумина ја критикуваа нејзината самодоверба нарекувајќи ја мрзелива.
„Се надевам дека ќе сфатиш дека изгледот нема врска со работата и жално е што така размислуваш“ - коментира еден корисник.
„Што велиш на тоа дека ќе се обидеш да бидеш возрасна личност, а не привилегирана принцеза која очекува дека ќе ѝ биде сервирана како танца“ - гласеше уште една критика.
Сепак, ТикТокерката доби и многу коментари во кои корисниците на оваа социјална мрежа се согласија со нејзиниот став и кажаа дека и самите се исцрпени од работата.
Кога сфатила колкава бура од различни ставови започнала, Луси во коментар посочи дека сето тоа било само шега.
фото: Принтскрин / Инстаграм