
ТикТокерот кој се појави „од никаде“ и ја престигна Адисон Реј: Стана втор најследен во светот
Доколку продолжи вака, би можел да ја тргне и Чарли од тронот.
На првите две места на најследени ТикТокери во светот веќе долго време цврство стоеја Адисон Реј и Чарли Ди Амелио. Чарли мометално е број еден со 119.2 милиони следбеници. А, сега речиси „од никаде“ се појави еден ТикТокер и ги измеша работите.
Едно време „кралица“ на ТикТок беше Лорен Греј, но како Чарли стануваше сè популарна, уште во март минатата година ја престигна со бројот на следбениците и од тогаш е на тронот. Веднаш зад неа, на второто место, се смести Адисон Реј со 81 милион следбеници.
И тоа е редоследот на врвот до кој никој не можеше да се приближи ни близу, а на кој дури сега му се заканува едно име. ТикТокерот на кој му успеа тоа се вика Каби Ламе, кој моментално има 83,5 милиони следбеници и е втор најследен, а како што има започнато, наскоро може да го заземе и првото место.
@khaby.lame Ig:@khaby00
suono originale - Khabane lame
Ова момче ги освои сите со своите смешни видеа, а невозможно е да не ти се појавил досега на екранот додека имаш скролано на ова апликација. Започна со исмејување на виралните трикови кои би требало да го олеснат животот, но всушност го комплицираат.
@khaby.lame Cm on bro !! #learnfromkhaby #learnwithtiktok #imparacontiktok #khabylame
suono originale - Khabane lame
Познат е по својот израз на лицето кој веќе го претворија во мемиња. Неговите видеа има милионски прегледи, а дали ќе ја престигне и Чарли, останува да видиме.
Можеби ќе ве интересира:
