Тинејџерка стана вирален тренд на ТикТок: Сега заработува од еден обичен скок

Тинејџерка стана вирален тренд на ТикТок: Сега заработува од еден обичен скок

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Сега за една објава заработува многу пари...

На Интернет има мало катче за секој, без оглед на тоа дали се работи за некоја глупост или лудост. Можно е да ги претворите и најбаналните работи во „нешто свое“ и да заработите пари на нив, а оваа девојка е еден од најдобрите докази за тоа.

Инфлуенсерката Катиана Кеј е име кое полека станува сè попознато на Интернет, од тотално невообичаена причина. Од моментот кога го снимила видео за ТикТок на барање на обожавателите каде покажува како скока, бројот на нејзините следбеници скокнал со молскавична брзина. Големите гради сигурно и помогнале во тоа. Девојките кои имаат природно големи гради знаат дека тие честопати пречат во правењето некои вообичаени секојдневни работи, и тешко е да се најде облека што добро ќе одговара и ќе покрие сè. Откако 18 - годишната Катиана сними видео во кое објаснува како да скокате со големи гради, од 100 прегледи на видеото таа веднаш достигна до број од 2.000, а таа бројка само растеше. Поради нејзините гради, таа секогаш беше цел за забава на училиште, а сега си направи бизнис од нив.

@secretkatiana

Telling my dad what I do for a living

original sound - Katiana kay

Сега, поради еден обичен скок заработува 25.000 долари за една објава. Катиана се шегува и ги забавува гледачите на својот ТикТок профил, а кога започнала да објавува вакви видеа, не можела ни да претпостави дека ќе биде толку интересна за луѓето. Таа знае дека е забавно за луѓето да ја гледаат како прави глупави работи и нема проблем да ги исполни нивните барања и да се глупира пред камерата.

@secretkatiana

i hate it

original sound - Katiana kay

ТикТок е место каде што секој може да успее, а оваа тинејџерка си најде свој начин, кој сигурно нема да му се допадне на секој, но тоа воопшто не и пречи. Тоа е само доказ дека колку и да е бизарна идеја што ќе ви падне на ум, вреди да се тестира, бидејќи можеби ќе можете од тоа да направите хоби кое ќе ви носи пари.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: