Тинејџерот кој на Твитер го следи движењето на Илон Маск создава уште еден профил: Им влегува во трага на Гејтс, Безос и Дрејк

Тинејџерот кој на Твитер го следи движењето на Илон Маск создава уште еден профил: Им влегува во трага на Гејтс, Безос и Дрејк

Џек Свини, 19-годишниот студен и вљубеник во авијатацијата, откри дека создал 16 автоматизирани профили на Твитер...

Тинејџерот од Флорида, кој бараше од Илон Маск да му плати 50.000 долари, а за возврат да не ја твитне локацијата на приватниот авион на милијардерот, кажа дека создава уште десетина профили кои го следат движењето на богатите и познати луѓе.

Џек Свини, 19-годишниот студент и вљубеник во авијатацијата, откри дека направил 16 автоматизирани профили на Твитер, или ботови, за да ги следи авионите кои се во сопствеништво на Бил Гејтс, Џеф Безос, милијардерот Марк Кубан и раперот Дрејк. Исто така, во интервју за „Гардијан“, Свини кажа дека направил веб-страница, „Ground kontrol“, која услугите за следење на познатите личности ќе им наплатува на обожавателите, како и дека ќе спостои веб-верзија на твитер-ботовите, доколку сајтот за микроблогирање ги затвори неговите профили поради проблеми со приватноста, пренесува „Спутник“.

„Тие се или навистина истакнти луѓе или се многу интересни“ - кажа Свини за луѓето кои ги следи, и додаде дека во последно време додава и луѓе кои неговите следбеници ги предложуваат. Свини, кој во јуни 2020 година го направи профилот @ElonJet, допишувањето со својот идол Илон Маск го опиша како „неверојатно“ искуство. ИСто така, кажа дека се надева дека Маск повторно ќе отвори преговори за купување и затворање на профилот.

Инаку, коосновачот и изршен директор на Тесла го одби барањето на тинџејрот за 50.000 долари. Маск по неколку разменети пораки со Свини кажа дека не му е пријатно да плаќа било што.

„Можете ли да го тргнете ова? Тоа е безбедносен ризик“ - му напишал Маск во директна порака на тинејџерот. „Не ми се допаѓа идејата да бидам убиен од некој лудак“.

Свини кажа дека добивањето на директна порака од Маск било надреално искуство.

„А, потоа ми понуди 5.000 долари за луѓето да не може да го следат и да го тргнам профилот, а јас сум ја дадов својата противпонуда“ - кажа тинејџерот.

Свини се обидел да преговара со Маск, одговарајќи: 

„Има ли шанси тоа да се зголеми на 50.000 долари? Тоа би била голема поддршка на колеџот и можеби би ми овозможило да купав автомобил, можеби дури и (Теска) Модел 3.“

А, кога Маск му одговорил дека не сака да плати, Свини му кажал дека ќе го избрише профилот во замена на стажирање во „Тесла“.

„Тоа беше последната работа која му ја кажав. А, потоа тој ме блокираше“ - раскажа тинејџерот.

Фото: Принтскрин од видео (The Guardian)

Можеби ќе ве интересира: