„Типично однесување за нив“: Мајка снимила што прават татковците додека чуваат деца, видеото насмеа 19 милиони луѓе
Една мајка ги воодушеви корисниците на социјалната мрежа Инстаграм со нејзиното видео кое стана вирално...
Смешното видео објавено на нејзиниот Инстаграм од мајката Рејчел Флом брзо стана вирално. Видеото покажува што се случува кога татковците остануваат сами со своите деца. Нејзиниот сопруг Џордан и неговиот пријател рекле дека ќе одат на прошетка со нивните пет деца, сите се мали и треба да ги турнат во колички. Но, она што се случило кога заминале било поинаку од прошетка.
Си поиграле малку
На татковците им текнало малку да се забавуваат додека чуваат деца. Направиле импровизирано игралиште и решиле да играат туркајќи количка за да видат која ќе отиде најдалеку, односно која од нив ќе ја добие играта. Видеото оттогаш е прегледано 19 милиони пати и стана вирално, а многумина во коментарите се шегуваа и пишуваа дека тоа е најнормалното однесување на татковците.
Ова е типично за татковците
„Мислам дека нема видео кое ги опишува татковците подобро од ова“, „Знам се, ова е типично однесување“, „Можеби ќе стареат, но никогаш нема да пораснат“, „Ако мојот сопругне прави вака глупости, не сакам да ми биде маж“, „Татковците решија да се забавуваат, бебињата се само додаток“, се дел од коментарите на луѓето кои го погледнале видеото и слатко им се насмеале на татковците.
Фото: Принтскрин ИнстаграмИзвор: Najzena.alo.rs