„Титаник“ требало да има друго име: Погледнете ги оригиналните називи на „Пријатели“ и „Хана Монтана“!

„Титаник“ требало да има друго име: Погледнете ги оригиналните називи на „Пријатели“ и „Хана Монтана“!

Објавена во: Stars // Филм

Многу од светски популарните филмови и серии кои ни се наоѓаат на листата на омилени уште при првото гледање, не го носеле оригиналното име под кое ги знаеме денеска.

Некои од нив имале сосема поинакво име, што денеска веројатно би ни звучело многу чудно. Таков е случајот со мегапопуларниот филм со Ричард Гир „Згодна жена“, па сѐ до незаменливата серија „Пријатели“.

„Титаник“, „Враќање во иднината“, „Династија“, се само некои од остварувањата на кои овие не им се првичните имиња кои ги добиле.

На пример серијата „Династија“, првично се викала „Нафта“, со цел да се натпреварува со ривалската серија „Далас“.

Легендарниот филм „Враќање во иднината“ („Back to the future“) од 1985 година првично требало да се вика „Вознемјанин од Плутон“.

„Згодна жена“ (Pretty woman“) едноставно требало дa се вика „3000“, односно станува збор за сумата која во филмот Едвард (Ричард Гир) неделно ја трошел на Вивијен (Џулија Робертс).

Серијата „Пријатели“ имала неколку други имиња, како на пример „Пријатели како нас“ и „Еднаш одамна во Вест Вилиџ“.

Првичната замисла за името на „Титаник“ била тој да се вика „Бродот на соништата“. Тинејџерскиот хит „Хана Монтана“, всушност го носел името „Алексис Тексас“.

Серијата „The Big Bang Theory“ била замислена како „Лени, Пени и Кени“. Сепак, дури ниту Кени не остана во серијата, а неговото име е променето во Шелдон.

Сега овие имиња навистина звучат неверојатно во однос на оригиналните, но целата оваа ситуација како што стојат работите можела да биде поинаква. 


Извор: telegraf.rs

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: